Dacia Duster доби Extreme Limited Edition верзија
По претставувањето на редизајнот за втората генерација на Duster, Dacia сега го претстави и специјалното издание наречено Extreme Limited Edition
Во јуни годинава Dacia ја претстави освежената втора генерација на Duster, која донесе неколку суптилни визуелни и технолошки унапредувања на популарниот компактен кросовер. Продажбата на фејслифтот започнува од септември годинава, а сега романската марка ја претстави и новата Extreme Limited Edition верзија.
Ова не е првпат за Dacia да објави специјално издание на Duster. Пред Extreme актуелни беа 15 Years, Techroad, SE Twenty и Black Collector ограничените верзии, сите базирани на втората генерација на моделот претставен во 2017 година. Extreme е веројатно најинтересниот од сите, благодарение на визуелните промени и добро опремената кабина.
Почнувајќи со екстериерот, Duster добива портокалови акценти на решетката, ретровизорите, покривните шини и задната врата во комбинација со 17-инчни алуминиумски тркала. Моделот е достапен во шест различни бои, вклучително Glacier White, Pearl Black, Comet Grey, Iron Blue, Arizona Orange, како и Urban Grey која е достапна ексклузивно само за Extreme верзијата.
Премиум чувство во ентериерот
Во внатрешноста, исто така можат да се пронајдат и акценти на отворите за вентилација, вратите на панелите и централната конзола. Седиштата се тапацирани во текстил со портокалови конци. Додека Duster е препознатлив како економичен и достапен мал кросовер, Extreme Limited Edition е многу подобро опремен од она што може да се замисли. Базиран на Prestige нивото на опременост, стандарден дел од опремата вклучува 8-инчен екран на допир со Media Nav инфозабава (навигација, WiFi, Apple CarPlay и Android Auto), автоматски клима-уред, темпомат, два USB портови и четири електрични прозорци.
Duster Extreme го задржува клиренсот од 214 милиметри на Duster AWD и оф-роуд аглите и карактеристиките. Dacia не откри кои мотори ќе се нудат со Extreme Limited Edition, но веројатно ќе станува збор за најмоќните варијанти во опсегот.
Моделот кој е прикажан на фотографиите пристигнува со 4WD беџови на предните крила, што значи деак е опремен или со 1,5-литарскиот dCi дизел кој испорачува 115 КС или попотентниот 1,3-литарски TCe бензинец кој испорачува 150 КС, со оглед на тоа дека само овие два мотори се нудат со погон на сите четири тркала.
Лансирањето на Dacia Duster Extreme Limited Edition е закажано за 2022 година, а самото има навестува дека нема да има голем број вакви примероци достапни на пазарот. Во втората половина од 2022 година Dacia исто така ќе го претстави и поголемиот SUV најавен со Bigster концептот, кој исто така ќе биде и првиот модел кој ќе го носи новото лого на производителот.