fbpx

Dacia го најави Jogger, новиот модел во поставата

Малиот семеен автомобил Logan MCV заминува во историјата, а на негово место романскиот производител Dacia го најави моделот Jogger

Во пресрет на премиерата на својот нов модел во понудата, романската марка Dacia го откри името на наследникот на Logan MCV, а станува збор за Jogger, новиот мал семеен автомобил. Името на моделот е откриено заедно со ново тизер видео кое потврдува дека станува збор за своевидна караванска верзија на Logan седанот и Sandero хечбекот, комплетирана со елементи на Stepway и истата портокалова боја на каросеријата.

Моделот ќе биде достапен со избор помеѓу пет и седум седишта. На задниот дел се наоѓаат вертикално издолжените задни светла со препознатливата Y-графика на Dacia, како и со израмнет заден дел за да се максимизира багажниот капацитет. Фаровите наликуваат на оние од најновата генерација на Logan и Sandero, а во согласност со тоа би требало да имаат и стандардни LED дневни светла.

Dacia не откри никаков преглед од кабината, но и тука се очекува истата да биде пресликана од Sandero Stepway. Секако, ќе станува збор за далеку попрактичен модел благодарение на конфигурацијата со три реда, или пак опцијата со два реда седишта, но со поголем капацитет на багажникот.

Романската марка не откри спецификации, но се очекува Jogger да ги споделува моторните единици со остатокот од поставата, но исто така не би требало да се отфрли можноста и за претставување на нов, помоќен агрегат во понудата, пред се поради тоа што новиот модел ќе биде поголем и помасивен во однос на Logan и Sandero.

Најверојатно Dacia Jogger ќе се нуди исклучиво со погон на предните тркала, сепак благодарение на адекватниот клиренс, новиот модел ќе може да совлада и некои помеки „офроуд“ терени. Најважно од се за Dacia е што Jogger со својот авантуристички стајлинг ќе привлече ги привлече оние кои го сакаат SUV изгледот, но приоритет им е практичноста и пространоста во ентериерот.

Поврзани вести

Back to top button