fbpx

И Dacia Logan со Stepway верзија?

На интернет просторот се појавија фотографии од прототип на Dacia Logan или Renault Logan во Русија и на некои други пазари, за кои се тврди дека е идната Stepway верзија на моделот

Информациите сè уште не се потврдени, но според некои извори, оваа верзија на Logan ќе дебитира овој месец на Московскиот салон за автомобили. За слична варијанта на Renault Logan се зборуваше уште во јуни, а дека треба да се појави прво на рускиот пазар е и сосема логично, главно поради силна побарувачка на автомобили со зголемена проодност поради лошите услови на патот.

Верзијата Stepway на Dacia Sandero ужива пазарни успеси насекаде каде што се нуди, па е повеќе од можно Logan исто да се здобие со квазиофроуд варијанта, со подигнато потпирање, дополнителни пластични елементи во надворешноста, заштитници…

Во случајот на Logan се очекува дека клиренсот на оваа верзија ќе биде 195 наместо вообичаените 155 mm, а EDC трансмисијата ќе го смени за рускиот пазар досегашниот традиционален автоматски менувач. Најверојатно моторот ќе остане ист атмосферски со волумен од 1.6 литри. Сеуште не се знае дали Logan Stepway ќе се појави и на други пазари, бидејќи во Русија тргнува во ноември, кога ќе се појави и реновираниот Sandero Stepway.

Поврзани вести

Back to top button