fbpx

Dacia објави официјални фотографии за Sandero и Logan

Романскиот бренд Dacia, кој е под закрилата на Renault, полека се подготвува за целосно откривање на новите Sandero, Sandero Stepway и Logan

Откако минатата недела објавија краток тизер, од Dacia сега ги споделуваат првите официјални фотографии од третата генерација на Sandero. За повеќе детали и комплетна фотогалерија ќе мораме да почекаме до крајот на месецов, а дотогаш ќе мораме да се задоволиме со ова што е објавено сега.

Заедно со регуларниот Sandero модел, тука е и Sandero Stepway, кросовер верзијата на субкомпактниот хечбек кој има за задача да ја капитализира популарноста на SUV сегментот во Европа. Со далеку помодерен дизајн и преселба на најновата платформа која ја користи и Renault Clio, Sandero е буквално целосно нов автомобил. Dacia останува таинствена со информациите, но споменува дека ќе има некои минимални промени кај димензиите. Исто така, забележливи се и новите светла во форма на Y.

Dacia го покажа и новиот Logan како попрактична седан алтернатива со значително поголем капацитет на багажникот. Романскиот бренд само споменува дека новата верзија ќе биде подолга од својот претходник, што би требало да значи дека ќе има поголема пространост во кабината.

И додека треба да се почека до 29 септември за целосното деби, може да се забележи дека централната конзола мина низ големи промени. Тоа е претпоставка базирана на екранот на допир во стил на таблет кој отскокнува од централната конзола. Забележливи се и копчето за пристап без клуч, како и сензорите на врвот на предното стакло, што посочува дека Dacia подготвува технолошки напредни автомобили.

На крајот, треба да се напомене дека Sandero и Sandero Stepway ќе бидат глобални модели, додека Logan нема да биде достапен на сите пазари каде што е присутна Dacia.

Поврзани вести

Back to top button