fbpx

Daimler избра конкурент на Tesla за снабдувач на батерии

Daimler AG избра доставувач на батерии за своите електрични автомобили

Тоа е кинеска компанија CATL, која започна неодамна со изградба на своја Гигафабрика. Кинескиот производител бележи извонредни резултати во последниве неколку месеци. Германскиот производител веќе потпиша договор со Contemporary Amperex Technology (CATL), но сеуште не е јасно кои модели на германската марка ќе добијат батерии од овој производител – дали само оние кои се произведуваат во Кина и се продаваат во азискиот регион, или сите други кои се достапни и на другите континенти.

Самата Contemporary Amperex Technology е добро позната во автомобилскиот свет. Таа работи главно со кинескиот производител на електрични возила BYD и со јапонскиот гигант Panasonic, но соработува исто така со PSA, Hyundai, BMW, BAIC, Geely, Yutong, SAIC, Foton, како и со производителите на автобуси Zhongtong Bus и Xiamen King Long.

CATL

Во Daimler се надеваат дека до 2025 година електричните модели на концернот ќе чинат толку колку и оние со традиционални мотори, а за таа цел се потребни поевтини батерии.

За возврат Contemporary Amperex Technology веќе собра две милијарди долари, откако пушти акции на берзите, а оваа сума ќе овозможи изградба на Гигафабрика за производство на батерии, слична на онаа на Tesla. Интересно е дека Гигафабриката на компанијата на Илон Маск во Невада произведува 35 гигавати електрична енергија, а плановите се до 2020 година моќноста да скокне три пати. За возврат, кинеската фабрика во 2020 година, ќе понуди 50 гигавати.

Поврзани вести

Back to top button