fbpx

И Леб со етапна победа во Дакар

Деветкратниот светски рели шампион, Себастијан Леб со Peugeot, ја оствари својата 10-та етапна победа во релито Дакар, откако имаше најдобро време на 330-километарската делница околу Сан Хуан де Маркос во Перу

Во самиот финиш Себ возеше маестрално и дури со над минута и пол надмина друга рели легенда – клубскиот колега во Peugeot, Карлос Сајнц. Трет заврши победникот во последните две изданија на релито, Стефан Петерхансел, исто со Peugeot, кој е и на чело на генералниот пласман по оваа фаза. Петерхансел, Леб и Сајнц се на првите три места во поредокот по првите четири фази на трката.

Оваа фаза се покажа доста тешка за дел од фаворитите – Сирил Депре со четвртиот автомобил на Peugeot застана во средината на делницата, поради дефект во суспензијата, а Насер Ал-Атијах со Toyota загуби речиси еден час поради оштетување и не успеа да продолжи.

Дакар
Шампионот и лидер во генералниот поредок кај мотоциклистите, Сем Сандерленд со КТМ падна и се откажа од трката, бидејки се покажа дека добил повреда на грбот и беше однесен со хеликоптер nа медицински преглед. Делницата беше освоена од Адриен ван Беверен со Yamaha, кој оствари предност од над 5 минути пред конкурентите и излезе на чело на генералниот плсман со предност од 1,55 минути пред Пабло Кинтанила со Husqvarna.
Дакар

Кај камионите Едвард Николаев со Камаз ја освои етапата со речиси половина час предност пред својот главен противкандидат за титулата, Федерико Вилагра со Iveco, а тоа му овозможи да ја зголеми разликата меѓу двајцата во вкупниот пласман на речиси 37 минути.

Поврзани вести

Back to top button