fbpx

Саинс на чекор до конечниот триумф

Претпоследната, 13-та етапа од годинашново 40-то јубилејно, рели Дакар, беше последна шанса за сите оние кои сакаа да ја променат својата позиција во генералниот пласман

Затоа таа требаше да биде многу интересна, но ништо од тоа!

Ова беше несомнено и една од најтешките фази составена од два дела, првиот од песочни дини, додека вториот многу близу до она што го нудат рутите од WRC шампионатот. Вистински предизвик кој бараше исклучително внимание, посебно од фактот што никој не сакаше да го напушти релито пред последната фаза.

Во категоријата на автомобили нова етапна победа за возачот на Toyota, прекалениот рели возач, Насер Ал Атија, кој го оствари 31-от триумф по фази во кариерата на Дакар, со што се израмни на листата на великаните со Карлос Саинс. Шпанецот повторно не сакаше ништо да ризикува, завршувајки 20 минути зад Катарецот, што беше и најважно за него, бидејки на една етапа пред целта ја задржа својата лидерска позиција во генералниот поредок.

Неговиот клупски колега, Стефан Петерхангел удри во дрво, го оштети својот автомобил и се збогуваше со подиумот откако загуби еден час за поправка. Во претпоследниот ден, Бернард Тан Бринке, кој два пати го победи “тимот на соништата” – Peugeot, мораше да се откаже од релито, поради катастрофа. Ова го искористи Жиниел де Вилие на Toyota, кој сега има големи шанси да го заврши релито и на подиум, бидејки е зад Саинс и Атија.


Минималната разлика помеѓу Едвард Николаев (Камаз) и Федерико Вилагра (Iveco) во корист на рускиот возач најавуваше голема етапна битка. Но, Николаев не дозволи никакво изненадување беше најбрз и заврши со 50 секунди пред неговиот тимски колега Ајат Мардеев. За жал, Вилагра беше принудена да се повлече од етапата.

Кај мотоциклите победникот од 2016, Тоби Прајс даде сè од себе за да ги помести од првите две места во генералниот пласман, Кевин Бенавидес (Honda) и клубскиот колега и лидер Матијас Валкнер на КТМ. Тој сепак победи во оваа фаза, но не успеа да оствари значајна предност и се очекува Дакар 2018 да заврши за мотоциклите по истиот редослед – Валкнер, Бенавидес, Прајс. Рангирањето за АТВ исто така е скоро решено благодарение на времето на Игнасио Казале и 37 минути предност во однос на останатите.

Последната фаза од изданието е долга само 120 километри и завесата на годинашново рели се спушта во аргентинскиот град Кордоба.

Поврзани вести

Back to top button