fbpx

Дали има иднина за FIAT?

На крајот на оваа недела Серџо Маркионе треба да претстави бизнис план за развој на FCA меѓу 2018 и 2022 година, a најголемaта енигма е поврзана со иднината на еден од симболите на италијанската автомобилска индустрија- FIAT

Факт е дека брендот го губи уделот на своите главни пазари – Европа и Бразил, а полека исчезнува и од американскиот пазар. Во Европа иднината на FIAT ќе зависи од тоа колку брзо марката ќе се насочи кон електрификација. Тоа треба да почне преку електричната верзија на популарниот модел 500, кој во моментов се продава само во САД, но со следната генерација пристигнува и во Европа.

Ова треба да се реализира во 2021 година, со годишна продажба на од околу 60.000 до 80.000 во светот. Покрај тоа, плановите на Маркионе за FIAT вклучуваат и пренесување на производството на друг популарен модел – Panda, од Италија во Полска, поради ниските трошоци, соопшти агенцијата Bloomberg, претходно овој месец. Сепак, сè уште е нејасно дали овие активности ќе бидат доволни за да се спаси FIAT.

Во Европа главниот проблем на брендот е недостаток на нови модели.

FIATБизнис планот на Маркионе за периодот 2014-2018 предвидуваше осум нови модели за FIAT, но досега се лансирани само пет. FIAT ќе го напушти сегментот на компактни хечбек модели, кога во јули ќе прекине производството на веќе застарената Punto. Новата генерација на Panda е одложена најмалку за две години и нема да биде достапна до 2020 година.

Според Фелипе Муњос, аналитичар во JATO Dynamics, главниот проблем на FIAT е и реалноста дека брендот не располага со доволно SUV модели: „Ако немаш во својата палета SUV модели, не може да очекуваш раст на продажбата, без разлика дали станува збор за земјите од Европската Унија или светскиот пазар. Сега FIAT располага само со еден SUV и наскоро не се предвидуваат нови засилувања, па на Италијанците ќе им е тешко да ги задржат дури сегашните нивоа на продажба. А овој SUV – 500X, компактен кросовер, тешко ќе се бори против моделите на VW, Toyota, Nissan, Hyundai, Kia и Renault, што нудат барем по три SUV моделот во различни пазарни сегменти“.

Некои аналитичари предвидуваат дека продажбата на FIAT во Европа ќе се намали за околу 14% во 2019 година, бидејќи во овој период не се очекува промоција на важни нови модели. Реконструкцијата треба да започне во почетокот на новата деценија, кога ќе се појават новите 500 и Panda, а до 2020 година FIAT би требало да лансира и нов кросовер.

Во 70-тите и 80-тите, FIAT се бореше со VW за да биде број еден во Европа.

Сега, сепак, уделот на пазарот на Италијанците во Европа е 5%, а на VW – 10,9%. Според ACEA дури луксузните германски марки Mercedes (5,7%), BMW(5,3%) и Audi (5,3%) продале повеќе од Италијанците и имаат поголем удел на континентот. И 2018 година започна со силен пад на продажбата на FIAT , која падна за 15% за првите 4 месеци од годината. Во Бразил, ситуацијата е уште полоша. Во 2013 година, FIAT одржа 22% од домашниот пазар, а на почетокот на 2018 година падна за 8%.

-Јас нема да го убијам FIAT, истакна Маркионе на изложбата во Женева, во март. Иако, неговата стратегија е да ги инвестира ресурсите на FCA во премиум брендови како што се Maserati, Alfa Romeo и особено Jeep. Досега, мерките на Марконе за одржување на FIAT на европскиот пазар немаат никаков ефект. Компанијата проба да произведува во Турција компактен седан Tipo и сродни модели, но тоа само донекаде обезбеди некаква продажба во сегментот на поевтините автомобили.

FIAT

Поврзани вести

Back to top button