fbpx

Дали Volkswagen е вовлечен во нов скандал?

Германскиот концерн Volkswagen уште не може да „крене глава“ од Дизелгејт, каде ја призна вината, сега се втурна во нов скандал поради употребата на штетен и забранет метал во своите електрични и plug-in хибридни модели

Производителот повлекува од пазарот 124 000 возила, за да избегне нови казни, пишува списанието Spiegel. Станува збор за метал кадмиум. Сите негови соединенија се многу отровни и одамна се забранети во многу земји во светот.

Кадмиумот е исто така познат како активен канцероген. Човек може да умре за помалку од една минута, ако вдишува воздушни пареи со содржина на кадмиум оксид од 2,5 грама на кубен метар. Претставници на VW тврдат дека не го користеле намерно отровниот метал, а биле „изманипулирани“ од неименуван снабдувач на полначи.

Volkswagen

„Во моментов спроведуваме внатрешна истрага и се водат преговори со германското Министерство за транспорт“, изјавија од автомобилскиот производител по повод ситуацијата со кадмиумот.

Полначи со отровниот метал се инсталирани во автомобили на брендовите Volkswagen, Audi и Porsche, произведени меѓу 2013 и јуни 2018 година. Претставниците на концернот гарантираат дека сопствениците на предметните автомобили не треба да се плашат за своето здравје, бидејќи металот во возилата се во мали количини и се изолирани од можен контакт со воздухот.

Поврзани вести

Back to top button