fbpx

Давидовски дел од TCR шампионатот

Еден од најдобрите македонски автомобилски асови, Виктор Давидовски, по 20 сезони извозени во македонскиот и српскиот шампионат, во 2018 година ќе настапува во светскиот TCR шампионат

Еден од најдобрите македонски автомобилски асови, Виктор Давидовски, по 20 сезони извозени во македонскиот и српскиот шампионат, во 2018 година ќе настапува во светскиот TCR шампионат.

Виктор Давидовски навистина има плодна кариера кога станува збор за брзините и случувањата на патеките во регионот. Своето деби го имаше во 1998 година за до 2010 да настапува во шампионатите на Македонија на кружни и ридски патеки. Потоа започнува да биде дел од автомобилските збиднувања во соседна Србија. Тој настапуваше на кружни патеки во најбројната класа „хибрид“. Годинава тој доминантно ја освои титулата и стигна до својот 10 шампионски пехар во кариерата.

TCR шампионат

-После толку многу години поминати на балканските патеки, дојде време за повисоки цели. Полека, но сигурно се подготвуваме за следната сезона. Автомобилот е уплатен и ќе го имам на располагање еден од првите 25 автомобили од најновата генерација на Honda Civic Type R TCR, изјави Давидовски.

Изминатиот викенд тој настапи со Seat Leon TCR V2 DSG на трка на издржливост во траење од 12 часа која се одржа на легендарната F1 патека Спа Франкоршамп во рамките на 24h TCE Series.

-Зацртавме цел, дојдовме и ја постигнавме. Немав аспирации за било каков пласман, бидејќи прв пат седнувам во автомобил со овие спецификации. Eдинствена цел беше добар тренинг и тест на моите способности. Извозев преку 600 тркачки километри, а тоа е многу повеќе отколку што возев во целиот шампионат во Србија годинава. Започнав да го искусувам автомобилот, патеката, начинот на работа на тимовите и сериозноста на овие натпреварувања. Цел викенд беше врнежлив и се возеше во многу тешки услови, така што не успеавме да тестираме на сува подлога. Крајно професионални тимови имаа огромни проблеми, со кои сепак добро се справуваа. За разлика од аматерскиот тим во кој го изнајмивме седиштето и бев еден од тројцата натпреварувачи. По се што искусивме, едно е сигурно, за светскиот TCR шампионат следната година. Треба да склопиме перфектно организиран и сериозен тим и во моментов сме концетрирани на тоа поле, смета Давидовски.

Ова е навистина голем успех за уште еден македонски автомобилски ас, бидејќи TCR е мошне возбудливо натпреварување и вредности стекнати во текот на историјата и традицијата.

Поврзани вести

Back to top button