fbpx

Деби за Staria, футуристичкиот миниван на Hyundai

Корејскиот производител Hyundai ја одржа официјалната премеиера на Staria, футуристичкиот миниван кој се одликува со храбар и невообичаен дизајн

Hyundai го најави својот модел Staria пред извесно време како „вселенско“ возило кое со одликува со храбар, необичен и футуристички дизајн, а сега овој миниван е комплетно претставен од страна на корејската компанија. Наречено Purpose Built Vehicle, Staria се одликува со интересен стајлинг на предниот дел со LED дневни светла и светлечка лента која се протега по цела должина на предницата. Дизајнерите ја опремија Staria со ниска и широка решетка, на чии страни се наоѓаат фаровите.

Hyundai Staria

Уникатните дизајнерски моменти се забележливи и на профилот на возилото, каде што прозорците се поставени пониско од вообичаеното. На задниот дел се поставени вертикалните задни светла со параметрички пиксел дизајн слично како кај целосно електричниот Ioniq.

Новата Staria има меѓуосовинско растојание од 3.273 милиметри, додека вкупната должина изнесува 5.253 милиметри, ширината е 1.997, а висината е 1.990 милиметри. Од Hyundai велат дека багажниот капацитет варира зависно од конфигурацијата на седиштата. Верзијата со две или три седишта, наменета за комерцијални потреби, нуди максимален капацитет од 5.000 литри.

Hyundai ќе го продава своето возило во стандардна Staria и поексклузивна Staria Premium варијанта, а ќе се нуди во конфигурација со 2 до 11 седишта. Staria Premium вклучува уникатни карактеристики како затемнети месингани хромирани детали на екстериерот, вклучително и Hyundai логото, решетката, предните и задните браници, тркалата, ретровизорите и рачките на вратите.

Hyundai Staria

Ентериерот на Staria e исчекор во однос на претходните возила во истиот сегмент произведени од Hyundai. Главните карактеристики се 10,25-инчниот преден екран и голем екран од инфозабавниот систем.

 

Staria ќе добие повеќе варијанти

Staria Premium моделите се еден чекор понапред. Во Premium моделот со седум седишта, на пример, се наоѓаат Premium Relaxation седиштата во вториот ред, кои се навалуваат електронски. Овие седишта исто така имаат и режим на релаксација достапен со еден допир на копче. Од друга страна, Premium моделите за девет лица, имаат седишта во вториот ред кои можат да се завртат за 180 степени и можат да се насочат кон патниците во третиот ред. Сите Premium модели исто така пристигнуваат со амбиентално осветлување во 64 бои, а кабината може да биде финиширана во црна, црна и беж, црна и сина, сива и кафена или сива и светло сива комбинација на боја.

Корејскиот производител нагласи дека ќе ја прошири поставата на Staria со дополнителни варијанти во текот на следните неколку години, вклучително и со лимузинска, амбулантска и камперска верзија. Како додаток на сето тоа, ќе пристигнат и еколошки варијанти на моделот во престојните години.

Hyundai Staria ќе пристигне со два мотори во понудата. Првиот е 2,2-литарскиот VGT четирицилиндерски дизел кој испорачува 177 КС и 431 Nm максимален вртежен момент. Овој мотор може да се добие во комбинација со шестстепен мануелец или осумстепен автоматик. На врвот на понудата е Smartstream 3,5-литарскиот MPI мотор со 272 КС и 331 Nm максимален вртежен момент. Овој мотор ќе се нуди исклучиво со осумстепена автоматска трансмисија.

Hyundai Staria

Во Европа, Staria ќе се продава исклучиво со 2,2-литарскиот дизел, а моделот ќе биде достапен во Van, Wagon и Wagon Premium изведби.

Поврзани вести

Back to top button