fbpx

Детроит 2018: GAC Motor со апетити за пазарот во САД

Кинеската компанија GAC е меѓу бројните производители од најбројната земја, која се обидува да влезе на пазарот во САД

Таа учествува пет години по ред на салонот во Детроит, но годинава се најсериозни.

Од компанијата тврдат дека ќе стартуваат со продажбата преку Океанот следната година. Врв на нивната изложба на годинашново салонско издание во американската „автомобилска Мека“ е концепт кросоверот Enverge замислен како возило за помладата популација. Машината има доста футуристички дизајн, чија главна карактеристика е отсуството на прозорци, а вратите се од тип на крилја на пеперутка.

Погонот е целосно електричен. Моторот е со моќност од 238 КС, а акумулаторот е со капацитет од 71 kWh. Според компанијата автономијата на возилото ќе биде скоро 600 километри. Возилото се чини мошне агресивно, според податоци од 0-100 km/h забрзува за 4,1 секунди, а максималната брзина е ограничена на 160 km/h. Концептот поседува „пакет технологија за виртуелната реалност”, но за него нема никакви податоци.

Освен концептот во Детроит, Кинезите изложуваат и сериски седан GAC GA4. Машината е долга речиси 4,7 метри и на пазарот во Кина наскоро ќе се нуди со 1.3-литарски турбомотор со моќност од 137 КС и со 1.6 атмосферски со 114 КС Покрај ова GAC Motor ги претставува уште и топ моделите GA8, GS8, GM8, како и оние од средната класа GS3, GS4, GS7 и GA6.

Gac

GAC е позната по партнерството со концернот Fiat Chrysler Automotive (FCA) и прави во земјата различни модели на Jeep. Покрај нив прави и други косовери со брендот Trumpchi. Ова е можеби најбрзо растечки автопроизводител во Кина според резултатите. Минатата година GAC Motor основа сопствен развоен центар, North American R & D center во Силиконската долина и бара соработници во него.

Малку подоцна оваа година GAC Motor ќе објави нова глобална стратегија, вклучувајќи и ново англиско име за брендот за да биде подобро прифатено на глобално ниво. Таа базира продажна компанија GAC Motor North America и ќе аплицира за членство ва Националната автомобилска дилерската асоцијација (NADA) во Лас Вегас во март.

Поврзани вести

Back to top button