Детроит 2018: Премиера на обновениот Јеер Cherokee
Jeep објави први информации и фотографии на верзијата за моделската 2019 година на легендарниот Cherokee, која ќе биде претставена за прв пат пред публика за време на меѓународниот алон во Детроит, следниот месец
Во моментов има многу малку детали за дотераниот Јеер Cherokee 2019, од американската компанија коментираат само тоа дека автомобилот ќе демонстрира нов, но автентичен и луксузен дизајн. Друга подробност што ја споделуваат од брендот е дека автомобилот ќе се нуди со уште поефективни погонски агрегати.
Иако не го споменуваат тоа во официјалната изјава од Jeep, тие ни навестуваат интересни новини Cherokee 2019 со помош на објавените фотографии. Благодарение на нив, станува јасно дека автомобилот ќе се нуди во посебна офроуд верзија, која се одликува со целосно нов преден браник, дополнителни и масивни калници на крилата, нови детали на хаубата, дополнителни куки…