Детроит 2018: Volkswagen блеснува со новата Jetta
Германскиот производител Volkswagen во Детроит ја претставува новата генерација на компактната седан Jetta
Ова е седма генерација на моделот, кој досега се има продадено во повеќе од 16 милиони единици, од своето лансирање во 1979 година.
Од нив, 3,2 милиони биле продадени во САД, па премиерата не е случајна на сефте салонот од годинава, преку Океанот. Новата Jetta е изграден на платформата MQB (Volkswagen Modular Transverse Matrix), а доби похрабар дизајн, поголем внатрешен простор во однос на својот претходник и голем број на нови технологии. Седанот е подолг, поширок и повисок од претходната генерација.
Растојанието помеѓу двете оски е зголемено за 20 mm. Инаку, не е тајна дека изгледот на VW Jetta 2019, е инспириран од Volkswagen Arteon и Volkswagen I.D. Concept. Дизајнот е поагресивен и стилски, а треба да се одбележи невообичаениот распоред на решетката на ладилникот и LED диодната оптика (таа ќе биде достапна веќе во основната варијанта), како и острите линии на каросеријата и „закосениот“ покрив.
Ентериерот на компактниот седан е целосно рафиниран, користејќи висококвалитетни материјали. Внатрешноста, исто така, има многу остри агли и трапезоидни форми. Клиентот ќе може да избере помеѓу голем број распореди со различни типови на осветлување. За нивоата на SEL и SEL Premium, автомобилот ќе биде понуден со дигитален панел. Новиот интерфејс ќе биде целосно конфигуриран според барањата на возачот, кој ќе има голем број асистент и безбедносни системи.
Тие вклучуваат систем за предупредување за фронтална опасност, систем за сопирање во случај на опасност, систем за следење во слепи зони, адаптивна контрола на крстарење, систем за возење во лента…. Инфо системот VW Car-Net е со голем монитор работи со Apple CarPlay, Android Auto и MirrorLink и исто така ќе биде понуден уште во основната верзија на возилото.
Во САД, новата VW Jetta излегува со 1.4-литарски турбо мотор со TSI и директно вбризгување на горивото. Моторот не е нов и се користеше и во претходната генерација на моделот. Неговата моќност е 142 КС, а вртежниот момент е 249 Nm. Погонот е на предните тркала со 6-брзински мануелен менувач или 8-степен автоматски. Исто така постои и верзија на Jetta GLi со помоќен мотор. Седанот ќе биде достапен во 4 нивоа на опрема – S, SE, SEL и SEL Premium. Р-линија, исто така, ќе се појави подоцна.