Детроит 2019: Subaru се пофали со WRX STI S209
Главен акцент во текот на учеството на Subaru на овогодинешниот саем во Детроит е премиерата на лимитираната серија STI S209
Од брендот велат дека во серијата ќе бидат вклучени околу 200 автомобили и дека секој од нив ќе располага со специјално оптимизиран 2.5 литарски боксер мотор со зголемена моќност до 341 коњски сили. Освен со оптимизираниот мотор, STI S209 се разликува од сите други претставници на моделот со специјален надворешен аеродинамичен пакет, подобрена суспензија, 19-инчни фелни BBS во комбинација со Dunlop® SP Sport Maxx® GT600A гуми, сопирачки систем од Brembo, можност за избор меѓу две бои на внатрешноста- World Rally Blue Pearl и Crystal White Pearl, и друго.
Од Subaru коментираат дека за уште подинамично искуство на патот STI S209 се нуди само со шест-брзински мануелен менувач, како и со индивидуализиран систем SI-Drive со три режими на работа- Intelligent (I) за постигнување на оптимална економичност, Sport (S) и Sport Sharp (S #) за оптимално забрзување.