Директен германски одговор на Tesla Model X
Германската компанија со кинеско финансирање Borgward претстави два нови кросовера
Еден од нив е целосно електричен и генерира голем интерес од експертите поради неговите карактеристики и исклучително привлечна цена. Електричниот кросовер на Borgward е означен со индекс BXi7 и има два електрични мотори. Моќноста на системот на електричниот автомобил е 238 КС, а максималниот вртежен момент е 380 Nm. BXi7 забрзува од 0 до 100 km/h за 6,5 секунди и максималната брзина е 200 km/h. Капацитетот на батериите е доволен за да се измине растојание од 500 километри.
Најинтересно, сепак е цената на електричниот кросовер Borgward BXi7.
Таа ќе биде од 56.600 долари за базната изведба, што и не изгледа како мала, но со оглед на цената на неговите директни конкуренти Tesla model X и Јагуар I-Pace е повеќе од привлечна.