Discovery Sport со нова специјална серија
За да го одбележи успехот како најдобро продаван модел, а и по повод 70-годишнината на марката, Land Rover лансира специјална нова серија Landmark Edition на Discovery Sport
Новата серија на Discovery Sport се нуди во верзија со Td4 дизел мотор со 180 коњски сили и бензински 2.0 Ingenium со 240 коњски сили. И двата мотора се опремени со филтер за фини честички за дополнително намалување на емисиите за време на нивната експлоатација. Discovery Sport Landmark Edition се нуди во три екстериерни бои Narvik Black, Corris Grey и Yulong White, а секоја од нив се истакнува со контрастна сива на покривот.
Автомобилот се одликува исто така со спортски преден браник, 19-инчни фелни, уникатен стилски ентериер со кожен тапацир, дополнителни алуминиумски апликации по средната конзола и други. Од Land Rover коментираат дека од лансирањето на Discovery Sport во глобалната економија во 2014 година, досега се реализирани повеќе од 350.000 негови претставници. Само во текот на изминатата година, продажбата на моделот достигна ниво од 126 078 единици, што е најдобро остварување за една календарска година во 70-годишната историја на легендарната марка.
Discovery Sport Landmark Edition