fbpx

Дизел автомобилите убиваат 10.000 Европејци годишно

Исфрлениот од возилата со дизел мотори, азотен диоксид, секоја година води до прерана смрт 10.000 жители на државите од ЕУ

Половина од овие случаи се должат на нивото на емисиите кои ги надминуваат утврдените норми.

Ова го тврди извештај на експерти од Меѓународниот институт за системска анализа, објавен во изданието Environmental Research Letters. Според него, дизел возилата формираат поголемо количество честички кои при навлегување во дишните патишта предизвикуваат болести на белите дробови и на кардиоваскуларниот систем.
дизел
– Ако нивоата на штетни гасови кај дизел автомобилите беа исти како што се кај бензинските, би биле избегнати околу 7.500 случаи на предвремена смрт,- вели еден од авторите на студијата Јенс Борка-Клефелд.

Според експертите, најмногу смртни случаи од овие причини има во Италија, Германија и Франција. Ова се должи на големиот број дизел автомобили по глава на жител во овие држави. Соодветно на тоа, со најмал ризик се жителите на Норвешка, Финска и Кипар, каде има многу помалку дизел изведби.

Поврзани вести

Back to top button