fbpx

Дизелгејт скандал „можен“ и од Opel?

Федералната транспортна служба на Германија (KBA) го истражува Opel за намерно манипулирање со софтверот за штетните емисии на дизел моторите, овбјави Bild am Sonntag.

Според информација на весникот во последните месеци KBA открила цврсти докази за постоењето на манипулирање со софтвер во некои од автомобилите на компанијата Opel. Според Bild am Sonntag станува збор за околу 60.000 возила од моделите Cascada, Insigna и Zafira со еколошки стандард Евро-6.

Вкупно 10.000 од нив се проиаведени во погоните на компанијата и продадени во Германија. Автомобилите  моментално ги произведува се сомничави. Според обвинувањата, погодените возила испуштале 10 пати повеќе азотни оксиди од граничните вредности. Од KBA веќе го информирале Opel за истрагата и очекуваат официјално мислење од раководството на компанијата за две недели.

Opel

Досега, германскиот производител силно ги негираше обвиненијата за манипулација со штетни гасови. „Во Opel не користиме незаконит софтвер. Нашите мотори ги исполнуваат барањата”, изјавија од Риселсхајм, во средината на 2016 година.

Поврзани вести

Back to top button