Дизелот ја загуби водечка позиција во Европа за една година
Здружението на автомобилски производители во Европа (ACEA) објави интересна статистика, која покажува дека дизел автомобилите ја загубиле својата лидерска позиција на пазарот на нови автомобили во Западна Европа, за само една година
Според статистиката во 2016 година, со дизел мотор биле опремени 49.4% од новорегистрираните автомобили, а бензинските стигнале до ниво од 45.8% од пазарот, но по завршувањето на 2017 година, резултатот бил 49,3% во однос на 44,3%, во корист на бензинските автомобили.
Падот на побарувачката на нови дизел автомобили во Западна Европа е пред се за сметка на зголемената побарувачка на бензински возила, односно подобрување во бизнисот со автомобили со алтернативно задвижување- хибриди, plug-in хибриди и електрични возила.
Овие „алтернативците“ се со незначително мал процент во севкупната имплементација, но далеку повеќе од тоа да бидат „занемарени“ во статистичките евиденции.
Податоците на ACEA покажаа исклучително драстични промени во расположението во побарувачката на дизел автомобили во земји како Луксембург и Грција. Додека на крајот на 2016 година кај јужниот сосед дизел автомобилите формирале 55,1% од продажбата во земјата (42,6% за бензинските автомобили), по завршувањето на 2017, бензинот бил доминантен со пазарен удел од 52,1% наспроти 44,6% за дизел.
Иако со намалување на побарувачката , дизелот продолжува да биде доминантен на пазари како Ирска (65,2%), Португалија (61,5%), Италија (56,3%) и Австрија (49,7%), но во Германија отстапува во однос на бензинот, со пад од речиси 10 проценти- до 38,7%. Во Шведска, каде што побарувачката на автомобили со алтернативно погон е сериозен фактор во бизнисот, дизел автомобилите исто имаа пад на побарувачката, но задржуваат лидерски пазарен удел од 48,4%.