Добро е што тргна!
Ова едногласно го истакнаа сите учесници на првата трка на Водно која се бодува за годинашниов шампионат на ридски патеки, нешто што беше во заборав во последните неколку години
Меѓу оние кои посакува блесок на спортот како некогаш на овие простори е веќе искусниот и прекален ас, Мики Лазаревски. Трката на Водно е зад нас неколку дена, но се уште се слушаат оддеци од планината која како да живее со оние кои се на неа за време на натпреварувањето, па и по него. Многу повеќе се раскажува за збиднувањата во изминатиот викенд на улица, низ кулоарите, во кафулињата…
По повеќе години, за причините не би сакале да дискутираме, се повеќе од познати и посакуваме сите да останат во минатото, се врати „духот на Водно“! Се вратија и старите и младите да му дадат печат на едно ново време. Машини малку, но сите се надеваат дека најважно е што работите тргнаа повторно од „нула“, па за оној посакуван сјај ќе мора да почекаме.
-Нешто ми ја грее душава деновиве, ја почна приказната Лазаревски. Се врати мирисот на октаните на „нашето Водно“, кое некако како да чекаше да ги прераскаже сите свои тајни кои во себе ги чуваше со години. Планината ни се отвори, а ние и возвративме. Дружење, пријателство, гледачи, смеа…, па има ли нешто поубаво. Водно ќе плете уште многу приказни и за Мичони, Крсте, Дељо, Иџе…, кои имаат допрва да покажат што умеат на патеката. Добро е што некој конепчно им го овозможи тоа.
Лазаревски беше само четврти во својата класа, но како што потенцира сега тоа е во втор план.
-Имав проблеми со возилото, треба уште многу да се работи на него да биде на посакуваното рамниште, дадов се од себе, но не ја постигнав замислената цел. Но, среќен сум поради дрруги многу нешта, а автомобилот и јас ќе покажеме што можеме и умееме на трките кои допрва следат, потенцира популарниот Мичони.