Договорот меѓу Porsche и Red Bull дефинитивно пропадна
Обидот на Porsche да се врати во светот на Formula 1 преку партнерство со Red Bull дефинитивно пропадна поради несогласување во преговорите
Се чини дека враќањето на Porsche во Formula1 заглави во боксот откако компанијата откри дека разговорите со Red Bull за партнерство пропаднале. Компанијата за спортски автомобили се надеваше дека повторно ќе влезе во светот на гран-при трките во 2026 година заедно со сестринската компанија Audi по повеќе од шест децении оддалеченост.
Управниот одбор на матичната компанија VW веќе ги одобри плановите за F1 на двата тима претходно оваа година и Porsche беше во преговори со Red Bull за здружување на силите. Но, сега Porsche ги потврди гласините дека договорот е пропаднат, што значи дека само Audi има потврдено место во шампионатот.
„Во текот на последните неколку месеци, Dr. Ing. h.c. F. Рorsche AG и Red Bull GmbH разговараа за можноста за влез на Рorsche во Formula 1. Сега двете компании заеднички дојдоа до заклучок дека овие разговори повеќе нема да продолжат“, се вели во соопштението на Porsche.
„Премисата секогаш беше дека партнерството ќе се заснова на еднаква основа, што ќе вклучува не само партнерство за моторот, туку и тимот. Ова не можеше да се постигне“.
Porsche не се откажува од F1
Но, Porsche нагласи дека прекинот на овие разговори не значи крај на нивните амбиции во F1.
„Со финализираните промени на правилата, тркачката серија сепак останува привлечна средина за Porsche, која ќе продолжи да се следи“, се продолжува во соопштението.
Porsche, наводно, сакаше да го примени своето име на моторот на Red Bull за 2026 година, кој моментално се развива во Велика Британија и исто така сакаше 50 отсто од акциите во F1 операцијата на Red Bull. Но, се чини дека Red Bull не e подготвен да отстапи толку голема контрола, а исто така се плаши дека нема да може брзо да реагира на настаните со тоа што Porsche се обидува да го наметне својот побавен, поконвенционално корпоративен стил на управување.
„Porsche е одличен бренд, но ДНК-та е сосема поинаква“, изјави Кристијан Хорнер од Red Bull за Motorsport. „За време на процесот на дискусија стана јасно дека има стратешко неусогласување“.