Дотерување за Porsche Macan и помоќни мотори
Од Porsche работат на обновување на својот кросовер Macan, кој би требало да го видиме оваа есен
Освен промени во екстериерот, моделот ќе може да се пофали со зголемена моќност на моторите, а еден и сосема нов, со намалена тежина, со нов информативен екран и зголемен комфор. Официјалните податоци за кросоверот Macan не се објавени, но тим на изданието Motor1 сними еден тест прототип на моделот за време на испитувањата во Јужна Африка.
Обновениот Porsche Macan ќе биде достапен со 2.0-литарскиот мотор, но неговата ефикасност ќе се зголеми за 52 КС, до 300 „коњи“. Моќта на 3.0-литарскиот V6 скока од 335 на 355 „коњи“, а за најмоќното исполнување ќе има нов 2.9-литарски мотор со моќност од 434 КС, кој ќе го замени сегашниот 3.6- (394 КС).
Претходно, европските медиуми објавија дека кросоверот исто така ќе добие хибридна модификација, но овие гласини не се потврдени. Освен тоа, се размислува за елиминирање во целост на дизел моторите.
За дотеруваната верзија на Porsche Macan е предвидена и целосно модифицирана суспензија со алуминиумски држачи што суштински ќе ја намали тежината на кросоверот. Меѓу промените во екстериерот вреди да се споменат новите фарови и задни светла. Внатрешноста ќе има поголем екран на мултимедијалниот систем.