fbpx

Drive-N е ограничена верзија на Hyundai i30 N

Hyundai ја претстави специјалната верзија на i30 N наречена Drive-N со ограничено производство од само 800 примероци

Корејскиот производител Hyundai претстави нова, ограничена серија на својот i30 N со суфиксот Drive-N. Благодарение на ова, хотхечот добива специјални додатоци, највисока опрема и бронзени тркала, но без унапредувања во моќноста или шасијата.

Hyundai i30 N Drive-N

Новиот i30 N Drive-N Limited Edition пристигнува во хечбек каросериска изведба со пет врати со суптилни визуелни промени инспирирани од афтермаркет изборот на N заедницата. Екстериерот може да се добие во Phantom Black или Serenity White Pearl, во комбинација со 19-инчни тркала од лесна легура со темно бронзен мат финиш.

Покрај оваа комбинација на бои, i30 N Drive-N се разликува по црвените и бронзените елементи на долниот дел од каросеријата, како и специјалните беџови на предните крила прикажувајќи ги GPS координатите на Нирбургринг каде сите Hyundai N модели се развиени.

Во кабината се наоѓа нумерирана плакета која потсетува дека станува збор за ограничена серија. Покрај тоа, тука е Алкантара тапацирот со црвени конци на управувачот, рачката од менувачот, потпирачот за рака и рачната сопирачка, црвени безбедносни појаси, црвени N копчиња, ексклузивни патосници и нова шема за N Light седиштата. Стандардната опрема вклучува и стаклен покрив, 10,25-инчне екран на допир за инфозабавата и Hyundai Smart Sense пакетот на системи за асистенција на возачот.

Hyundai i30 N Drive-N

Под хаубата се наоѓа истиот турбо 2,0-литарски T-GDi мотор кој испорачува 280 КС и 392 Nm максимален вртежен момент. Моќноста се испраќа на предните тркала преку шестстепен мануелец или преку осумстепената трансмисија со двојна спојка која беше претставена во 2020 година. Хотхечот исто така добива N Power Shift, N Grin Shift и N Track Sense Shift карактеристиките за оптимални перформанси.

Hyundai веќе го започна производството на i30 N Drive-N Limited Edition. Од вкупно 800 примероци колку што ќе бидат произведени, 620 се наменети за Европа, а уште 180 ќе завршат во Австралија. Од компанијата не ги соопштија деталите за цената за оваа специјална верзија.

Поврзани вести

Back to top button