DS го претстави ексклузивниот DS 7 Crossback Louvre
DS Automobiles во соработка со Лувр музејот во Париз го креираше ексклузивниот DS 7 Crossback Louvre кој пристигнува во ограничена серија
Од лансирањето во 2015 година, DS Automobiles претставуваше своевиден патрон на Лувр, најпосетениот и веројатно најпознатиот музеј во светот. Со DS 7 Crossback Louvre едицијата, премиум производителот оддава почит на легендарната галерија. Првите карактеристики од овој проект се видливи веќе на надворежноста.
Кросоверот се одлкува со специјални „Louvre“ значки инкорпорирани суптилно на хаубата, предните врати и задниот дел. Делот околу прозорците е нагласен со сјајна црна боја, исто како и шините на покривот и деталите околу задните светла.
На капачињата од ретровизорите е забележлива ласерски изгравираната пирамидна шема, како признание за легендарната стаклена пирамида на влезот од музејот инаугурирана во 1989 година. Модификациите на екстериерот завршуваат со сет на 20-инчни Alexandria тркала со двобоен финиш.
Шемите од култната пирамида на Лувр се пренесени и во внатрешноста каде што е суптилно прикажана од 3D слика на отворите за воздух, контролната табла и втиснато на капакот од централната преграда обложена во Nappa кожа. Инаку, спектакуларниот тапацир од Black Basalt Nappa кожа се нуди како стандарден.
Највпечатливата поврзаност со Лувр е моментот кога се вклучува 12-инчниот централен екран на допир кој прикажува 182 ремек-дела од музејот. Интересно, секое ремек-дело пристигнува заедно со подкаст кој има за задача да го издигне познавањето на уметноста кај патниците.
Сопствениците на DS 7 Crossback Louvre исто така ќе добијат понуда и за Friends of the Louvre картичка која им овзможува неограничен пристап до перманентните колекции и на повремените изложби во Лувр.
DS 7 Crossback Louvre е поставен на Grand Chic спецификациите и DS Inspiration Opera Art Basalt Black. Автомобилот може да се добие во четири бои: Ink Blue, Pearl Crystal, Perla Nera Black и Platinum Grey. Достапните погонски единици вклучуваат два plug-in хибриди со 300, односно 225 КС, како и две бензински единици од 180, односно 225 КС. На крајот, тука е и дизелската варијанта со 180 КС.