fbpx

DS со конкурент на BMW 5 и Audi A6

Францускиот премиум бренд DS Automobiles, кој е под контрола на групата РЅА, се подготвува за лансирање на својот нов предводник во гамата

Автомобилот, најверојатно, ќе се појави во 2020 година по повод 65-годишнината од оригиналниот Citroen DS. Од извори на компанијата се дознава дека моделот ќе го носи името DS 8 и ќе биде конкурент на BMW 5 и Audi A6 на пазарот. Менаџментот на производителот на луксузни изведби веќе има идеја за изгледот на автомобилот и верува дека изгледа „шокантно”, додава изворот.

DSМожете да очекувате моделот да ги комбинира карактеристиките на кросоверот DS 7 Crossback и прототипот Citroen Numero 9, а формата ќе биде Fistbak. Предводник на DS ќе биде надграден на модуларната шасија EMP2 на која се изградени најновите модели на Peugeot. Тој ќе добие PureTech бензински мотори и BlueHDi дизелски. Покрај тоа, може да се појави и хибридна модификација со E-Tense технологијата од DS 7 Crossback.

Моментно францускиот бренд на пазарот е предводен од кросоверот DS 7 Crossback.

Автомобилот нуди избор од шест бензински и дизел мотори со моќност од 130 до 230 коњи. Исто така постои и хибриден систем од 300 КС, кој се состои од бензински мотор од 200 КС и два електрични мотори од по 80 КС.

Поврзани вести

Back to top button