fbpx

Два нови кросовери од VW

Постојано растечката побарувачка на SUV автомобили и кросовери на глобално ниво ќе се одрази и на гамата на новитети на Volkswagen

Имено компанијата планира промоцијата на два нови кросовери на американскиот пазар. Првиот од нив ќе е SUV со пет седишта, позициониран под Atlas, а неговата форма ќе има купеовски стајлинг, објасни Хинрич Јубкен кој е претседател на Volkswagen of America. Тоа значи дека треба да очекуваме близок профил на BMW X4.

Што се однесува до вториот модел, речиси е сигурно дека тоа ќе е компактен автомобил под Tiguan. Сеуште нема информации за овој проект, но најверојатно тој ќе ја замени претходната генерација на Tiguan што сеуште се продава во САД како Tiguan Limited и има базна цена од 21.995 долари.

кросовери

Плановите на компанијата се двата нови кросовери да излезат на пазарот пред 2021 година, но тоа нема да се случи пред 2019.

Во исто време стана јасно дека Volkswagen може да заборават на дизел моделите, но немаат намера да го напуштат сегментот на седани на американскиот пазар, кој се уште е доволно голем и привлекува интерес за производителите. Во јануари VW ќе ја претстави новата Jetta во Детроит, а за подоцна се планирани и американските премиери на Arteon и Passat GT со V6 мотор. Пред 2021 ќе се појави и целосно ажурирана верзија на Passat.

Поврзани вести

Back to top button