Доаѓаат три електрични возила од Dyson
Плановите на производителот на правосмукалки Dyson да произведува електрични возила беа пречекани со изненадување, а само шефот на Tesla, Илон Маск објави дека знаел однапред за овој проект
Според The Financial Times идната палета на модели на Dyson ќе вклучува три електрични автомобили.
Првиот модел ќе биде за „заинтересираните за автомобилскиот бизнис”, предвидува магазинот. Во исто време се потенцира во статијата дека компанијата иако најави, сепак нема да користи изработени батерии со цврсто тело, за кои се верува дека имаат многу поголем потенцијал од литиум-јонските, во однос на капацитетот и автононија.
Но, не е исклучено тие да се појават во некои од моделите подоцна. Ова е поврзано на свој начин со фактот дека на крајот на минатата година, директорката на проектот за овој тип батерии, Ан-Мари Сестри го напушти Dyson, која мина во Sakti3, која плати 90 милиони долари за идејата.
Основачот на компанијата Сер Џејмс Дајсон изјави во септември дека неговата компанија работи три години на проектот за производство на електрични возила и потврди дека вложил во него 2 милијарди фунти. Се претпоставува дека првиот електричен модел на Dyson ќе биде лансиран во 2020 година.