ЕICMA 2017: Ducati Panigale V4 – нова генерација на супербајк
Пристигнуваат возбудливи времиња за тврдокорните фанови на Ducati, бидејки италијанската компанија официјално на салонот во Милано го претставува својот прв четирицилиндерски супербајк модел
Ducati Panigale V4 донесува агрегат со зафатнина од 1.103 кубни сантиметри и може да се пофали со импресивни бројки – 214 KS и 120 Nm вртежен момент и тежина од само 174 kg. Самите Најголемата новина која ја донесува неговиот Desmosedici Stradale агрегат е архитектурата која потесетува на две V-twin единици поставени една во друга. Целта на ваквото решение е карактерот на моторот да остане препознатлив за лојалните купувачи за брендот од Borgo Panigale.
ABS е стандарден, со Bosch динамичка контрола против пролизгување, која дозволува дрифтање со извонредна контрола и безбедност. Шасијата е направена директно со надградба на агрегатот, а airbox-от и задната вилушка се од алуминиум. Ducati Panigale V4 S има и литиум-јонска батерија, Marchesini фелни од кован алуминиум и подрамка од лиен магнезиум.