fbpx

Електричен автобус и на улиците на Скопје

Во наредните шест месеци, колку што изнесува тестниот период,согласно договорот на Град Скопје и компанијата Chariot Motors, низ македонската метропола ќе се сообраќа електричен автобус

Него ќе го корситат граѓаните кои патуваат на потегот Карпош-Ново Лисиче, на линијат број 15. Како што е познато за пробно користење на овој електричен автобус, градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов и генералниот директор на компанијата Chariot Motors, Милен Милев, на 16 февруари потпишаа договор, а целта на овој проект е да се види ефектот врз животната средина и заштедата на средства, со цел да може да се планира модернизација на градскиот сообраќај.

Електричен автобус

Како што потенцира Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, на промоцијата на автобусот, ова е одлична можност што ќе го збогати Градот со ново искуство, што ќе може да се користи во реализација на зацртаната страегија и идеи на ова поле во блиска иднина.

Електричен автобус

– Автобусот е направен во согласност со последните технолошки трендови во оваа индустрија. Станува збор за енергетски ефикасен автобус што троши минимално количество електрична енергија и е опремен со систем за брзо полнење и има нулта емисија на штетни гасови, истакна Шилегов.

Тој апострофира дека годинава е предвиден буџет за субвенции за набавка на еко-автобуси во висина од 100 милиони денари и за приватните превозници во висина од 20 милиони денари, па со поробното возење на овој и оние два автобуси на гас, кои се сообраќаат на линијата број 5 и број 2, Градот ќе може да процени кое би било вистинско решение за јавниот градски превоз.

За непречено управување на електричниот автобус веќе е поставена и потребната инфраструктура, односно поставени се станици за полнење на истиот, на крајните постојки во Ново Лисиче и Карпош 4. Ова е реализирано со помош на ЕВН Македонија. По истекот на пробниот период овој електричен автобус ќе биде понуден на ЈСП и на приватните превозници да го купат.

Електричен автобус

Поврзани вести

Back to top button