fbpx

Електричната Kona во салонот на Hyundai

Во продажниот салон на Hyundai во Скопје пристигна целосно електричната варијанта на моделот Kona

Кон крајот на минатата година корејскиот производител Hyundai одлучи да ја освежи електричната верзија на Kona, a сега истата пристигна и во салонот во Скопје. Редакцијата на Авто Плус доби шанса да се запознае одблиску со автомобилот, а преку нашиот објектив ви даваме шанса и вие подобро да се запознаете со истиот.

Hyundai Kona Electric

Пред се, треба да се напомене дека Kona Electric е на пазарот од 2018 година, но лани Hyundai одлучи да направи мали промени и освежувања, со кои малиот кросовер доби соодветен третман.

На предниот дел се наоѓаат новите фарови и LED дневните светла. Тука е и променетиот преден панел на кој се наоѓа асиметричниот приклучок за полнење. На задниот дел освежување добија задните светла и задниот браник, а благодарение на промените, освежената Kona Electric е 40 милиметри подолга од претходната верзија.

Hyundai Kona Electric

Промени се направени и во внатрешноста, каде сега пред возачот се наоѓа 10,25-инчниот инструмент кластер, а веднаш до него е 10,25-инчниот екран на допир од инфозабавниот систем. Неизбежен дел од освежената Hyundai Kona Electric е и богатиот пакет на Hyundai SmartSense системи за безбедност и асистенција.

Автомобилот се напојува со електромотор кој испорачува 201 КС и 395 Nm, а благодарение на батеријата со капацитет од 64 kWh, автономијата на движење е 484 километри. Кога е конектиран со полнач од 50 kW, батеријата на електричниот автомобил се полни од 10 до 80 проценти за 64 минути. Ова време опаѓа на 47 минути со 100 kW полнач

За повеќе информации посетете го продажниот салон на Hyundai во Скопје или официјалниот веб-сајт.

Поврзани вести

Back to top button