fbpx

Во 2018 година паѓа психолошкото ограничување од 500 km

Електричните автомобили се сè повеќе застапени на пазарот и од ден во ден прават бројки

Најважно во моментов во изборот еко-остварувањата секако е цената, потоа субвенциите и една многу важна карактеристика на електричните возила е автономијата.

автономијатаЗасега по цена и километража, традиционалните автомобили се уште имаат предност, но тоа наскоро треба да се промени. Ајде да погледнеме што е на пазарот во однос на автономијата на електрични возила и што е она што следи? Број 1 во светот по продажба на ова поле и натаму е Nissan Leaf.

Моделот на јапонската компанија веќе присутен со втората генерација, нуди автономија од 250 километри. Ова значи беспрекорна урбана експлоатација, па дури и кратки патувања надвор од градот.

Малку подалеку ќе отидете со Chevrolet Bolt, кој ја освои наградата „Автомобил на годината во Северна Америка за 2017“, кој има досег од 383 километри. Оваа автономија е измерена во согласност со американскиот EPA стандард, кој, за разлика од Европскиот, е сосема близу до реалноста. Единствениот недостаток на Bolt, кој се јавува како најсериозен ривал на претстојниот Тesla Model 3, е тоа што не може брзо да се полнат батериите.

Инаку ценовно двата модели се мошне близу. Ова исто така ќе важи и за електричната верзија на Hyundai Kona. Дебито на кросоверот ќе се случи на салонот во Женева, а моделот се одликува со интересни карактеристики, автономија од 390 километри, електромотор со моќност од 150 kW и капацитет на батеријата 64 kWh.

Renault Zoe Z.E. 40 го допира психолошкото ограничување од 400 километри со едно полнење. Mоделот е близок роднина на Leaf, а батериите доаѓаат од LG Chem. Но, километражата на Zoe е измерена во европскиот циклус NEDC, кој, како што веќе напоменавме, покажува повеќе отколку ЕРА стандардот.

автономијатаСо Tesla Model X P100D влегуваме во друг свет, би рекле премиум класата на електромобилите, а нејзината автономија е 475 километри (според ЕРА). Нормално, врвниот модел на Tesla е со цена од 145.000 долари во САД, но со неверојатна динамика и удобност.

Во Женева ќе видиме Jaguar I-Pace кој ќе е со моќност од 400 коњски сили и автономија од 500 километри по NEDC. Исто така во Женева ќе дебитира и Audi E-Tron Quattro, а за серискиот електричен кросовер на луксузната германска марка важи апсолутно истото, 500 поминати километри со едно полнење, според NEDC.

„Ниво 500″ исто така достигнува и Model 3, чии испораки веќе започнаа. Најприфатливиот модел на Tesla има километража до 500 километри со едно полнење во најскапата верзија, а според списанието Motor Trend, кој веќе го тестираше електромобилот, то забрзува од 0 до 96 km/h за 4,8 секунди. Над 500 километри, пoстигнува уште еден модел на Tesla – Model S во верзијата P100D.

автономијатаИма и повисока класа, се разбира пред се ценовно, односно спортските изданија. Тука е хрватскиот Rimac Concept_One, кој е совршен пример за тоа како да се смени возењето со стил. Според производителот, километражата е 600 километри, но со оглед на динамиката и искушенијата што ги нуди автомобилот, автономијата на батериите всушност достигнува 350 километри.

Женева треба да претстави надградена верзија на моделот, кој најверојатно ќе добие уште посериозна километража. Има и други изведби, како на пример Fisker Emotion со автономија над 600 километри, кинескиот Nio EP9, со сличен дострел…

Свои новитети за во блиска иднина на ова поле најавуваат Volkswagen, Mercedes, Volvo, Porsche…, каде најважен елемент во понудата ќе биде токму автономијата!

Поврзани вести

Back to top button