fbpx

Електричниот Audi e-Tron Sportback пристигна во Македонија

Електричниот кросовер на германскиот производител Audi, моделот e-Tron Sportback, пристигна на македонскиот пазар

Во салонот на Audi во Скопје пристигна новиот Audi e-tron Sportback. Динамичното SUV купе кое нуди моќност до 300 kW и опсег на движење кој во зависност од конфигурацијата може достигне до 446 километри според WLTP циклусот со едно полнење на батеријата. Моделот особено се истакнува со своите дигитални Matrix LED светла, кои се нова карактеристика што сега е достапна кај e-Tron. Благодарение на технологијата, нивната светлина се дели на ситни пиксели и може да се контролира со исклучителна прецизност. Ова го олеснува центрирањето на светлината пред возачот, без воопшто да попречува на возилата кои доаѓаат од спротивната лента.

Audi e-Tron Sportback

Елегантен, ефикасен, препознатлив

Audi e-Tron Sportback ја комбинира моќта на пространиот SUV со елеганцијата на купе со четири врати и прогресивен карактер на електричен автомобил. Со должина од 4.901 милиметри, ширина од 1.935 милиметри и висина од 1.616 милиметри, неговиот покрив се протега рамно над мускулестото тело, стрмно спуштајќи се надолу – во типичен купе стил се влева во D-столбовите.

Audi e-Tron Sportback

S-line пакетот на опрема става посебен акцент на спортската ДНК на Audi e-tron Sportback. Стандардно е опремен со тркала од 20 инчи и спортска воздушна суспензија. Препознатливиот контурен браник е опкружен со поизразени воздушни завеси, кои го подобруваат протокот на воздух. Тие се протегаат под фаровите, а со тоа создаваат динамичен изглед дури и од далечина. Амблемот S-Line ја краси решетката на ладилникот, додека осветлените алуминиумски облоги на праговите на вратите имаат “S” лого. На задниот дел, вградениот спојлер е стандарден, како и впечатливиот дифузер што се протега низ целата ширина на возилото и придонесува за извонредна аеродинамика.

Спортска ефикасност

Audi e-Tron Sportback 55 Quattro му овозможува на возачот да ужива во интеракцијата на ефикасност, перформанси и врвен комфор. Двете оски се опремени со асинхрон електричен мотор кој се напојува со трофазна електрична енергија од системот за напојување. Со моќност од 265 kW и 561 Nm вртежен момент, двата стандардни електрични мотори имаат голема моќност при лансирањето на SUV купето од место – без CO2 емисии и во виртуелна тишина. На Audi e-Tron Sportback 55 Quattro му се потребни само 6,6 секунди да стигне од место до „стотка“, а максималната брзина е електронски ограничена на 200 километри на час.

Со префрлање од погонскиот опсег D во S и целосно притискање на педалата за гас, возачот може да го активира „Boost“ режимот. Во овој режим, погонот генерира моќност од 300 kW и вртежен момент од 664 Nm за осум секунди. Ова му овозможува на SUV купето да забрза од 0 до 100 км/ч за само 5,7 секунди. Двостепените менувачи со еден опсег на брзини го пренесуваат вртежниот момент од електричните мотори на оските. Прекинувачот, со кој возачот може да управува со палецот и показалецот, се користи за избор на брзини. Поставен во централната конзола, рачката од менувачот служи дополнително и како потпирач за раце.

Audi e-Tron Sportback

За повеќе информации околу новиот Audi e-tron Sportback посетете го салонот на Audi во Скопје или дознајте ги сите информации на www.audi.mk.

Поврзани вести

Back to top button