fbpx

Електричниот BMW iX3 на пазарот за две години

BMW наскоро ќе претстави нов електричен кросовер врз основа на X3

Ова го најави генералниот директор на баварскиот гигант, Харалд Кругер, за BMW Blog.

Сепак, конкурентот на Audi е-tron, Mercedes EQ C и Jaguar I-Pace ќе биде на пазарот по две години. Според соопштението, премиерата на електричниот BMW iX3 за јавноста ќе се одржи на салонот во Пекинг, во април. Самиот Кругер го потврди ова и најави дека сериското производство на iX3 модел ќе биде лансирано во 2020 година.

-Оваа година ќе воведеме голем број на електрични концепти кои подоцна ќе излезат во сериско производство. Меѓу нив е првиот електричен кросовер кој ќе се вика iX3, открива Кругер.

Според непотврдени податоци, километражата на моделот со едно полнење ќе биде околу 480. На овој начин баварскиот електричен SUV ќе се најде во директна битка за пазарот со Audi e-tron, Mercedes EQ C и Jaguar I-Pace. Електричниот BMW iX3 според дизајнот, одредени форми, елементи… ќе биде значително поразличен од стандардниот X3, но сепак основата ќе е таа!

1 | Електричниот BMW iX3
2 | Електричниот BMW iX3
3 | Електричниот BMW iX3

    Плановите на BMW вклучуваат развој на 25 електромобили во следните седум години, при што 12 од нив работат само на електрична енергија. Некои од нив ќе достигнат и автономија во подоцнежната фаза и до 700 km. Баварските хибриди ќе патуваат 100 километри на електрична енергија.

    Компанијата се надева дека ќе продаде 140.000 електрични возила ширум светот во 2018 година. До крајот на следната година, BMW планира да има најмалку 1,5 милиони хибриди и електрични возила на патиштата. Во 2021 година, електричните автомобили на баварскиот бренд ќе бидат опремени со автопилот од трето ниво. Тестовите, исто така, ќе бидат на 4 и 5-тиот степен со автономни системи.

    Поврзани вести

    Back to top button