Електричниот VW ќе чини колку и еден дизел автомобил
Главниот дизајнер на Volkswagen, Клаус Бишоф, официјално изјави дека дизајнот на сериската верзија на I.D. практично ќе биде идентичeн со концептот прикажан во 2016 година
Уште нешто интересно што дополнува Бишоф за Autocar, е фактот дека тоа ќе биде првиот модел на марката, кој е дизајниран и развиен како електромобил.
Пропорциите, стилските решенија, па дури и големината на тркалата ќе бидат исти како и прототипот.
Разликите ќе бидат поврзани со фактот дека серискиот модел ќе има ретровизори наместо камери.
Во моментов од брендот ги реализираат последните тестови на првиот целосно електричен модел, а плановите се првите примероци да слезат од лентите за производство на крајот на следната година. Продажбата ќе започне во 2020 година, а како сподели Бишоф цената на електричниот хечбек I.D. ќе биде идентична со онаа на дизел модел од истата класа.