Електричниот Volkswagen го сруши рекордот на Pikes Peak
Volkswagen I.D. Pikes Peaк, опремен со систем за погон на четири тркала и моќност на агрегатот со 680 КС, забележа три феноменални достигнувања за време на овогодинешната легендарна трка на специјално подготвената патека на Pikes Peak, во Колорадо
Ромен Дума ја освои легендарната трка постигнувајќи неверојатен резултат, што претставува не само рекорд за електрични автомобили, туку меѓу сите машини кои биле дел од историјата на ова натпреварување.
Французинот ја мина долгата 19,99 километри траса за 7:57,148 минути, со што го подобри апсолутниот рекорд остварен од Себастијан Леб со бензински Peugeot 208 T16 во 2013 година – 8:13,878 минути. Дума успеа да постигне највисока просечна брзина од 146,7 km/h на патеката, која има 156 свиоци. Така стана првиот пилот во историјата на Pikes Peak, кој успеа да стигне под 8 минути на трката од 1916 година, па досега.
Вториот триумф на Volkswagen беше остварен од Bentley Bentayga.
Управувана од легендата на ова натпреварување Рис Милен машината оствари време 10:49, 911 минути, што е најдобро време во историјата меѓу сериските кросовери и теренци. Претходното најдобро достигнување во оваа класа му припаѓаше на Range Rover Sport – 12:35,610 минути.