fbpx

Електрични камиони наскоро и од Volvo

Volvo Trucks со свои решенија на полето на транспортот во иднина. Се електрини изведби на стопански и комерцијални возила до побрза и поефикасна дистрибуција

Според Светската здравствена организација и Обединетите нации, до 2030 година 60 отсто од населението на планетата, околу 5 милијарди луѓе, ќе живеат во градовите.

Ова е пораст од над една милијарда. Оваа брза стапка на урбанизација ќе наметне огромни барања за системите за сообраќај, кои во многу случаи веќе не се доволни. Според оценките метежите и сродните проблеми во сообраќајот во ЕУ ќе чинат околу 100 милијарди евра годишно. Сепак, Volvo Trucks има решение за проблемот.

Марката лансира електрични камиони на пазарот. Првите модели се очекуваат да бидат лансирани веќе следната година.Електричните камиони имаат многу позитивности, а една од највредните е што можат да го намалат оптоварувањето на патиштата во шпицовите во текот на денот. Ова, за возврат носи позитивни услови за природата, погодности за луѓето, како и зголемување на ефикасноста на дистрибуција на транспортните компании.

Volvo Trucks

Пилот проект веќе се реализира во Стокхолм. Првите анализи покажуваат дека при ноќни снабдувања со вакви камиони, работата се извршува за една третина побрзо од вообичаеното време. При добро развиена логистика и поефикасно користење на патиштата во текот на ноќта, можно е голем број мали автомобили да бидат заменети со поголеми, кои ќе бидат помалку во сообраќајот. На пример, камион за дистрибуција има повеќе од десет пати поголема товарна моќ отколку обичниот ван. Така, со намалување на транспортните стапки, сообраќајот, емисиите и ризикот од сообраќајни несреќи се намалува.

-Нашата технологија и знаење во областа на електро погоните се базираат на решенија кои се развиваат повеќе години. Но, транспортните средства не се единствени во процесот. Затоа работиме заедно со клиентите, градовите, добавувачите… на инфраструктура за полнење и други клучни параметри, за да создадеме функционална рамка за електрични камиони, вели Јонас Одермалм, првиот човек на Volvo Trucks.

Поврзани вести

Back to top button