Електричните модели на Škoda нема да бидат под посебен бренд

Škoda има намера буквално да го поплави пазарот со електрични автомобили од различни класи, а ова ќе почне да се случува од почетокот на следната деценија

Škoda има намера буквално да го поплави пазарот со електрични автомобили од различни класи, а ова ќе почне да се случува од почетокот на следната деценија.

За разлика од матичната компанија Volkswagen, Чесите нема да формираат под-бренд за продажба на предметните еко-возила. Наместо тоа, продукт менаџерот Гвидо Хак потврди за Autocar, електричните ќе се лансираат заедно со конвенционалните модели на брендот, како Octavia, Fabia, Karoq..

Škoda Citigo
Škoda

Инаку, почетокот на електричната иднина за компанијата ќе биде со лансирањето на plug-in верзијата на Superb, која ќе видиме можеби за околу една година. Потоа, на пазарот ќе биде пуштена електрична модификација на Citigo. Првиот модел на брендот, специјално креиран како EV на посебната MEB платформа, најверојатно ќе блесне во 2020 година.

Клучни зборови

Поврзани вести

Back to top button
Close