fbpx

Електричниот Aiways U5 на road-trip до Европа

Од Кина до Европа, прототипниот кросовер Aiways U5 го започнува своето 14.000 km патешествие

Шангајскиот старт-ап Aiways сака да стане првиот кинески производител на електрични автомобили наменети за Европскиот пазар. Компанијата веќе го претстави електричниот кросовер наречен U5 на Саемот за автомобили во Женева на почетокот од оваа година, а сега го објави својот најнов проект кој има за цел да го рекламира своето EV.

Aiways ќе бидат заслужни за она што досега ќе претставува најдолгото еднократно патување кое некој електричен прототип се обидел да го изведе. Патот од Кина до Европа ќе го поминат два прототипни U5, во должина од 14.231 километри, што всушност ќе претставува најава за лансирањето на брендот на Стариот континент.

Aiways U5

Според компанијата, рутата ќе биде дел од ригорозната програма за тестирање на U5 и ќе покаже колку е едноставно и лесно да се живее U5. Патувањето ќе започне во средината на јули во Ксиан, главниот град на кинеската Шанкси Провинција. Градот бил избран затоа што се наоѓа на почетокот на трговската тура Silk Road, која има историско значење како центар за трговија, културна размена и комуникација помеѓу Кина и Европа.

Овој предизвик е навистина интересен со оглед на тоа дека U5 ќе треба да се полни во многу земји со различни температури, патни услови и инфраструктури за полнење. Патувањето ќе заврши во септември оваа година, но европските купувачи ќе треба да почекаат до април 2020 година за да можат да купат електричниот SUV.

Поврзани вести

Back to top button