Електрификација за Dodge Charger и Challenger
Dodge иако познат по своите моќни бензински модели како Charger и Challenger, се чини дека се подготвува да ја прифати електрификацијата
Шефот на одделот за патнички автомобили на FCA во едно интервју изјави дека ја гледа електрификацијата како “апсолутна иднина” за моделите Charger и Challenger. Тим Кунишкис не кажа конкретни детали, но посочи дека тоа би можело да бидат хибридни, plug-in хибридни или електрични варијанти.
Тој, исто така, имплицираше дека моделите би можеле да бидат опремени со “е-оски”, што би било интересно, бидејќи идните верзии на Charger и Challenger би можеле да бидат потенцијални кандидати за предно монтиран мотор, кој ќе обезбеди погон на сите тркала и дополнителна моќност. Без оглед на се, Тим верува дека електрификацијата ќе биде клучна за високите перформанси во иднина.
Кунишкис исто така додаде дека заинтересираноста на купувачите останува да се види, но истакна дека перформансните модели веќе започнале интензивно да ја прифаќаат електрификацијата, како Acura NSX, Porsche 918 Spyder и Ferrari SF90 Stradale.
Додека тој не откри никакви детали, претходните извештаи сугерираа дека компанијата веќе работи на електрификација за Charger и Challenger. Ништо не е официјално, но гласините посочија дека Dodge работи на блага хибридна верзија на моторот Hellcat.