fbpx

ЕУ подготвена за договор со Трамп за царините на возилата

Европската Унија е подготвена да потпише договор со претседателот на САД, Доналд Трамп, за заеднички активности во сузбивање на Кина во сферата на трговијата

Основниот чекор во таа насока ќе биде намалување на царините на американските автомобили увезени во Европа, а во замена на тоа Белата куќа ќе го стори истото со челикот и алуминиумот, соопштува The Wall Street Journal.

Таквиот договор ќе ги задоволи главните барања на властите во САД, за намалување на даноците за автомобили, нивните резервни делови и опремата потребна за нивно производство. Иницијативата на Европската Унија е продолжување на преговорите, што започнаа со администрацијата на поранешниот претседател Барак Обама, но не се завршија.

Европската Унија

Лидерите на ЕУ сметаат дека ваков план ќе ја прекине конфронтацијата со Белата куќа во сферата на трговија. Во средиштето на самата идеја за ваков договор во суштина е Германија, каде што има сериозни загрижености за ескалацијата на трговската војна со САД. Тоа главно се однесува на возилата што се извезуваат од земјата преку Океанот.

Евентуално обединување на силите меѓу европските држави и САД ќе се спротистави на трговските релации на Кина. Првите активности при евентуален договор меѓу Европа и САД ќе ги обврзе властите во земјите од ЕУ да извршат поголем притисок на Кина, која веќе најави дека ќе воведе 25% царина врз автомобилите кои се увезуваат од САД во земјата. За возврат, Белата куќа ќе обезбеди пристап на европските компании за набавки за потребите на САД.

Потсетуваме дека на 23 март, САД најави нови царини за челикот (25%) и алуминиумот (10%), увезени од Европа. Тие влегуваат во сила наскоро, односно од 1 мај, а соодветни царински дополнителни оптоварувања ќе добијат Австралија, Аргентина, Бразил, Канада, Мексико и Јужна Кореја. За возврат Кина зголеми царините на американските автомобили до 25%, додека во спротивна насока, давачката е само 2,5%. Овој дисбаланс предизвика критика од американските власти, но не ги возбуди Азијците, кои најавија дека тоа е единствениот начин да се заштитат легитимните права на локалните национални производители.

Поврзани вести

Back to top button