fbpx

ЕУ казни картел на снабдувачи на делови за возила

Антимонополските регулатори на Унијата казнија пет компании добавувачи на воздушни перничиња и сигурносни појаси заради картелно здружување

Казната изнесува вкупно 34 милиони евра и е за фиксирање на цените на сигурносни појаси, перничиња и тркала за јапонски автопроизводители.

Комисијата која ги надгледува политиките за конкурентност во ЕУ, објави дека открила четири различни картели во кои учествуваат добавувачи за Toyota, Suzuki и Honda, а практиката била да се координираат цените за различни пазари и да се разменуваат важни трговски информации во периодот 2004 – 2010 година. Казната за Takata е 12.7 милиони евра, за Toyoda Gosei 11.3, за Autoliv 8.1, за Tokai Rika 1.8 и на Marutaka 156.000 евра. На Одлуката за казни претходеше детална шестгодишна истрага, која започна во 2011 година.

ЕУ

Во последно време регулаторните органи во целиот свет почнаа сериозно да ги истражуваат картелните договори меѓу производителите за кои се наметнати високи казни, па дури и некои од менаџерите се веќе по затворите. Минатиот месец ЕУ започна истрага за германските автопроизводители Daimler, Volkswagen Group и BMW Group, поради сомнение за заговор за фиксирање на цени за дизел моделите и други технологии што ги загрозува другите произодителите. Меѓу ваквите истраги на Еврокомисијата впечаток остава казната од 3.81 милијарди евра за група производители на камиони.

Поврзани вести

Back to top button