Еуроимпекс станува овластен застапник за Opel на Балканот
Компанијата Еуроимпекс, кој е главен застапник на Peugeot во регионот, сега е избран за генерален увозник и на Opel на Балканот
Opel ја менува својата бизнис стратегија за пазарите во Европа, а со цел да се постигне посакуваниот пораст во овој регион, германската компанија одлучи за свој соработник да го избере Еуроимпекс како докажан работник на автомобилскиот пазар. Со тоа, Еуроимпекс, покрај брендот Peugeot, сега ќе го застапува и Opel на пазарите во Македонија, Србија, Црна Гора, Косово и Албанија. На овој начин, уште еден член на групацијата PSA станува дел од семејството на македонската компанија.
Со потпишувањето на договорот, Еуроимпекс ќе ги преземе сите вработени лица во канцеларијата на Opel одговорни за горенаведените пазари и согласно законите ќе станат дел од големото семејство со завршувањето на трансакцијата. Сето ова ќе стане официјално откако процедурата ќе мине низ стандардната ревизија за одобрување од надлежните институции за заштита на конкуренцијата.
„Одлуката уште еднаш потврдува дека сè се одвива согласно целите зададени во нашиот PACE! стратегиски план. Овој нов модел ќе допринесе нашите продажни планови во почитуваните земји, да бидат поагилни, ефикасни и согласно истото, поконкурентни. Длабоко сме уверени дека по оваа одлука нашиот бренд ќе има многу подобри резултати во Северна Македонија, Србија, Црна Гора, Косово и Албанија“, изјави Хавиер Дукемин, извршен директор за продажба, пост-продажба и маркетинг во Opel/Vauxhall.
Еуроимпекс е основан во 1990 година како мала компанија, а веќе во 1992 година ја започнува соработката со Peugeot брендот чиј претставник за Македонија, Србија, Косово, Црна Гора и Албанија е веќе пет години со 20.000 продадени возила. Само минатата година, на овие пазари беа продадени 2.500 Peugeot автомобили.