fbpx

Еуроимпекс со акциска понуда за Opel Corsa

Компанијата Еуроимпекс ја претстави својата прва акциска понуда и кампања за Opel Corsa

Новиот официјален импортер на германскиот бренд Opel во Македонија, компанијата Еуроимпекс, ја започнува својата прва кампања и акциска понуда за моделот Corsa. Шестата генерација на компактниот германски хечбек на македонскиот пазар се нуди со дизел и бензински мотори, но и целосно електричен погон.

Според акциската понуда на Еуроимпекс, новата Opel Corsa можете да ја добиете со бензински мотор со 75 КС и Edition ниво на опременост за 12.990 евра, а оваа понуда се нуди на потенцијалните клиенти преку дилерската мрежа на Opel во Скопје, односно преку Аутомакедонија, потоа Ауто Цем во Тетово и продажниот салон на Еуроимпекс, генералниот увозник на германскиот бренд во Македонија, Србија, Црна Гора, Косово и Албанија.

Потенцијалните купувачи сега можат да се запознаат со градскиот автомобил кој е подготвен за иднината, а нуди комбинација на забава во секојдневното возење и возбудлива технологија. Покрај целосно електричниот модел кој нема никаква емисија на CO2, од Opel ветуваат ниска емисија и за дизел и бензинските верзии, а без оглед на изборот, Corsa нуди динамично, непречено, економично и ефикасно возење.

Сите заинтересирани можат да закажат тест возење на овој ЛИНК. За повеќе информации обратете се во Еуроимпекс или во дилерската мрежа на Аутомакедонија во Скопје и Ауто Цем во Тетово.

Поврзани вести

Back to top button