fbpx

Evija е името на новиот електричен хиперавтомобил на Lotus

Lotus го искористи Goodwood фестивалот за да го објави името на претстојниот хиперавтомобил

Претходно познат како тип 130, новиот електричен хиперавтомобил на Lotus го носи името Evija, кое значи “прв што постои” или “жив”. Компанијата вели дека ова име е многу соодветно бидејќи Evija ќе стане првиот електричен хиперавтомобил од британскиот производител на автомобили.

Evija ќе влезе во производство од следната година и компанијата вели дека моделот ќе започне возбудливо ново поглавје во историјата на иконскиот британски спортски автомобил. Lotus исто така истакна дека автомобилот е првиот голем нов модел кој ќе биде лансиран под сопственост на Geely.

Компанијата не откри никакви информации околу новиот модел, но автомобилот ќе биде откриен на специјален настан во Лондон подоцна овој месец. Во меѓувреме, Lotus издаде ново видео кое покажува дека моделот ќе има тенка централна конзола со хексагонални копчиња за да го стартува автомобилот и да го префрли менувачот во брзина. Луѓето кои ќе го посетат штандот на Lotus во Goodwood, ќе можат да добијат ексклузивен поглед на Evija преку “драматичното светлосно шоу” кое ветува дека ќе открие нови детали за автомобилот.

Производството ќе биде ограничено на 130 единици, а претходните извештаи сугерираа дека моделот ќе има монокок шасија со јаглеродни влакна и четири електрични мотори кои произведуваат повеќе од 1.000 коњски сили. Автомобилот, исто така, се претпоставува дека ќе има активна аеродинамика и високо-технолошки батерии.

Во соопштението, извршниот директор на Lotus, Фил Попам рече: „ Evija е совршено име за нашиот нов автомобил бидејќи тоа е првиот хиперавтомобил од Lotus, нашата прва електрична понуда и е првиот нов модел под водство на Geely.“

Поврзани вести

Back to top button