fbpx

Еволуцијата на BMW логото низ историјата и митот за пропелерот

BMW паралелно со претставувањето на концептот i4 неодамна го објави и своето ново лого кое соодвествува со модерната ера

За време на презентацијата на BMW Concept i4, германскиот производител го унапреди своето лого кое ќе служи за промотивни цели, како и за онлајн и реална комуникација, наместо како реално лого кое ќе се појави на предниот дел од автомобилите. Како и да е, ова е повод да се погледне во развојот и минатото на ова лого кое низ историјата се стекна со статус на легендарно.

Најпрво, како претходник на BMW, постоела компанијата Rapp Motorenwerke. Оваа фирма која е основана во 1913 година, била специјализирана за производство на авионски мотори. Во јули 1917, името на компанијата е променето во Bayerische Motoren Werke, односно скратено BMW. На самиот почеток, BMW немал свое лого бидејќи не се сметало како неопходно да се има амблем преку кој јавноста ќе може да го препознае брендот. Но, по кратко време, BMW го направи првиот чекор кон создавањето на сопствен идентитет менувајќи го беџот на Rapp Motorenwerke. Компанијата го задржа црното кругче со името на компанијата во неговата внатрешност.

BMW

Во текот на годините, компанијата ги замени оригиналните златни прстени и букви во бели. Во 1997 година, логото доби нов „скеуморфичен“ дизајн со кој се доби тродимензионален изглед. Освен со тоа што се појави ја i4 концептот, BMW потенцира дека новото, поедноставено лого не претставува беџ кој ќе биде поставен на идните возила.

Но, како што логото во текот на својата историја еволуираше, така опстануваше и легендата за неговото значење во текот на децениите. Многумина сметаат дека амблемот на BMW претставува пропелер во вртење, означувајќи ги почетоците на компанијата. Сепак, сино-белата внатрешност на логото всушност го означува знамето на германската држава Баварија. Но, распоредот на боите е променет поради законот кој забранува употреба на национални амблеми како лого.

BMW

Пред да започне со производство на автомобили и мотоцикли, BMW бил дел од авијацискиот бизнис. Со производството на мотоцикли германската компанија започна во 1923 година со моделот R32. Првиот автомобил на компанијата е лиценцирана копија на Austin Seven, но до раните 1930ти години, веќе произведувале интерно дизајнирани возила. Митот дека логото на BMW претставува пропелер на авион е „роден“ благодарение токму на германската компанија. Во 1929 година, во реклама за промоција на новиот мотор прикажува авион со логото на компанијата на ротирачките пропелери. Од тогаш, огромен број луѓе веруваа дека логото означува токму тоа.

„BMW долго време не презеде ништо за да го демантира овој мит. Интерпретацијата постои 90 години, што на некој начин го легитимизира сето тоа“, објасни Фред Џејкобс од BMW Group Classic.

BMW

Поврзани вести

Back to top button