Европа со пад во продажбата во март
Според најновите податоци од ACEA, во март се забележува прво месечно намалување на продажбата на автомобили во текот на годинава
Резултатот од 1.792.599 единици е за 5,3% помал во споредба со истиот период во 2017 и претставува прв пад за соодветниот месец од 2014, па наваму.
Од ACEA коментираат дека намалувањето во изминатиот месец доаѓа врз основа на рекорден показател за март минатата година. Аналитичарите велат дека ова е поради се помалата побарувачка на дизел остварувања, по сите оние закани за нивно елеиминирање од сообраќај во најголемите европски метрополи и на патиштата низ континентот.
Евидентна е намалена побарувачка на три од главните пет европски пазари. Најсериозно е во Велика Британија, каде во третиот месец на 2018 се забележува пад од 15,7%, а намален интерес за нови автомобили има во Италија (-5,8%) и Германија (-3,4%). Франција и Шпанија го задржале позитивниот тренд, па регистриран е пораст од 2,2%, односно 2,1%.
Во првиот квартал на 2018, вкупно, побарувачката на нови автомобили во Европа сепак е подобро подобро од минатогодишното остварување за + 0.7%, односно 4.171.628 пласирани единици. Три од главните пет пазари, Шпанија (+ 10.5%), Германија (+ 4.0%) и Франција (+ 2.9%) исто така имаат позитива, а во Италија и Велика Британија се забележани намалувања од 1.5%, односно 12.4%.