fbpx

Европската авто индустрија се соочува со „совршена бура“

Лоби групата ACEA вели дека производителите се соочуваат со огромни проблеми бидејќи се приближуваат до построгите цели на ЕУ за СО2 во 2025

Европските производители на автомобили се соочуваат со продлабочени предизвици бидејќи побарувачката за електрични возила разочарува и трошоците се зголемуваат, а сето тоа во пресрет на уште построгата нова регулатива на Европската унија за намалување на емисиите на СО2, смета шефот на регионалната групација за автомобилско лоби ACEA.

На автомобилската индустрија во ЕУ сè уште „недостигаат повеќе од 2 милиони возила на пазарот и во фабриките“ во споредба со нивоата пред пандемијата, рече Сигрид де Вриј, генерален директор на лоби групата, на 25 септември во интервју за телевизијата Bloomberg.

„Тоа создава многу напнатост – понекогаш го нарекуваме речиси совршена бура“.

Европската асоцијација на производители на автомобили со седиште во Брисел, или ACEA, минатата недела повика на „итна акција“ пред построгите цели на ЕУ за емисиите кои треба да стапат на сила во 2025 година, што потенцијално може да чини милијарди евра казни за некои од нив, додека притоа кинеските производителите на ЕВ ја зголемуваат продажбата во регионот.

Додека производителите на автомобили во ЕУ остануваат посветени на зелената транзиција, регулаторите треба да бидат „пофлексибилни“ и да најдат начини за подобра поддршка на индустријата, рече де Вриес.

„Во моментов водиме многу разговори“, рече Де Вриј. „Ги информираме креаторите на политиката за тоа што е прашањето, кои се грижите, која е позадината на овие грижи.

Продажбата на ЕВ во Европа не ги исполни очекувањата откако земјите, вклучително и Германија, ги намалија субвенциите.

Падот на производството на автомобили во Италија, исто така, се најде под лупа, што ја натера владата на Џорџија Мелони да побара преиспитување на правилата на ЕУ.

 

Поврзани вести

Back to top button