fbpx

Европската комисија го одобри формирањето на Stellantis

Групациите FCA и PSA добија предвремен божиќен подарок бидејќи Европската комисија стави потпис на нивното спојување и создавање на Stellantis

Европската комисија одлучи да им даде дозвола на FCA и PSA конечно да го реализираат своето спојување во Stellantis. Во соопштението, од Комисијата велат дека одлуката дошла по длабоката истрага благодарение на која собрале „екстензивни информации и ‘фидбек’ од конкунрентите и купувачите на двете компании“.

И додека Европската комисија беше загрижена дека ова спојување на FCA и PSA би можело да ја оштети конкуренцијата во сегментот на лесни комерцијални возила во голем број земји – вклучително Белгија, Франција, Грција, Италија, Литванија, Полска, Португалија, Словачка и Чешка – компаниите дадоа ветување дека ќе ги смират тие стравови.

Според договорот, PSA и Toyota ќе го продолжат нивното актуелно партнерство со што PSA ќе произведува комбиња за јапонскиот производител. Освен тоа, производствениот капацитет ќе биде зголемен за комбињата на Toyota и „трансфер цените“ како и трошоците за резервни делови и додатоци ќе бидат намалени.

Договорите за поправки и одржувања исто така се променети и ова „ќе го олесни пристапот на конкурентите до мрежите за поправка и одржување на PSA и FCA за лесни комерцијални возила“. Овие објекти исто така нема да бидат задолжени да користат PSA/FCA алати и опрема за сервисирање на возилата на конкурентите.

Благодарение на овие промени, Европската комисија верува дека Toyota ќе има можност да конкурира со новиот ентитет познат под името Stellantis. Исто така веруваат дека сервисните промени ќе „помогнат други нови учесници да се прошират и да се натпреваруваат на пазарот за лесни комерцијални возила“. Како резултат на ова, Комисијата утврди дека спојувањето веќе не предизвикува загриженост за конкуренцијата или создавање монопол.

Конечното спојување се очекува кон крајот на првиот квартал во 2021

И додека фиксирањето на комерцијални возила делува чудно на прв поглед, ЕК забележа дека FCA и PSA имале „висок или многу висок комбиниран удел на одредени пазари“ во голем број земји и биле „особено блиски конкуренти“. Извршниот потпретседател Маргарет Вестагер забележа: „Пристапот до конкурентен пазар за мали комерцијални комбиња е важен за голем број самовработени и мали и средни компании низ цела Европа“, што можеше да се оштетено од намалувањето на конкуренцијата.

Одобрувањето од Европската комисија беше една од последните пречки за спојувањето, а од компаниите истакнуваат: „FCA и PSA топло ја поздравуваат дозволата на Европската комисија за одобрување на спојувањето и создавањето на Stellantis, светскиот лидер во новата мобилност“. Од PSA и FCA истакнаа дека акционерите ќе се состанат одделно на 4 јануари за да го одобрат спојувањето и договорот би требало да биде готов до крајот на првиот квартал.

Поврзани вести

Back to top button