fbpx

Со европскиот лауреат Volvo XC40 во Крањска Гора

Скандинавскиот дух што го наметнаа моделите на Volvo, како во XC, така и во серија 90 и во ова најмалото пакување не недостасува

Се е тука очекувано јасно, промислено, логички и племенито. Иако е наменет за млади урбани парови и претставнички на понежниот пол, па не недостасуваат шминкерски детали и специфичен funky пристап. Во моментот додека ја лиферувавме веста од предвечерјето на салонот за автомобили во Женева, дека новината на Volvo, моделот ХС 40 e прогласен за Европски автомобил на годината, пристигна и поканата за регионалната презентација на ова остварување на шведскиот гигант во Крањска гора.

 

XC 40

Навистина полн погодок за третиот кросовер во гамата на Volvo, кој стана првиот SUV, кој некогаш се закитил со оваа престижна титула. Првите испораки кај нас треба да ги очекуваме наскоро, но за цените добивме дополнителна информација дека сеуште се „крчкаат“.

Со новината се дружевме на потегот Крањска Гора-Тревизо-Вилах-Крањска Гора и пред себе имавме можност да се увериме во квалитетите на автомобилот на секаков вид на патишта, на отворено, преку серпентините на Алпите, а имавме и малку оф-роуд авантура. За да се чуствуваме малку Скандинавски тука беше снегот, кој не пратеше во текот на тестот, малку дожд за да на крајот ни се насмее и сонцето.

XC 40

Најголемото изненадување секако беше фактот што, иако само со должина од 4,5 метри, скроен во склад со своите поголеми браќа ХС 60 и ХС 90, поставен на модуларната платформа СМА, заеднички развој на Швеѓаните и Кинезите од Geely, на која ќе се прават сите модели од семејството 40, простор имаше и повеќе од доволно за една ваква изведба. Згора на тоа оној дух што го наметнаа моделите на Volvo, како во XC, така и во серија 90 и во ова најмалот пакување не недостасува.

Се е тука очекувано јасно, промислено, логички и племенито. Втор момент е фактот што иако е наменет за млади урбани парови и пред се претставнички на понежниот пол, не недостасуваат и шминкерски детали и специфичен funky пристап, мошне популарни кај „градските фаци“ при изборот на автомобил по сопствена мерка. Токму така на типично скандинавскиот строг стајлинг, следи поспецифична маска со рамка, дополнителни креации над крилата и спедифично изведената бочна линија на задниот носач, највпечатливиот дизајнерски детаљ, кој го нема кај XC60 и XC90.

XC 40

 

Внатрешноста исто така во впечатливиот дизајнерски Волвов стил наметнат со последните трендови од компанијата. Пред вас дигитален TFT 12,3-инчен екран со инструментите и голем 9-инчен екран на средината, преземен од поголемите SUV изданија. Зад управувачот се седи сосем добро со врвна ергономичност. Функциите добро распоредени, а се се управува преку мени на средишниот екран чуствителен на допир.

Седиштата скроени по мерка, за напред и не говориме, а назад пространост дури и за патници со поголеми димензии. Полно ладички, џепови за дребулии, фиоки под седиштата, безжичен полнач за телефони и багажник од 460 литри не остава место за критика по прашање на практичноста.

Што се однесува до технолошките решенија и тука плафон!

XC40 во склад со скандинавската филозофија за сигурност, пристигнува со многу системи, можност за поврзаност и infotainment, па несомнено ова е еден од најдобро спакуваните компактни изданија. Функциите за асистенсија на возачот вклучуваат pilot assist, city safety, состав за спречување на излегување од патеката и заштита, систем за предупредување за возила кои ви доаѓаат во пресрет со подршка при сопирање, 360 степени камера која помага при маневрирање во тесен простор.

Освен овие поволности вреди да се напомене и фактот што купувачите може да го персонализираат својот XC40 со различни бои на каросеријата и покривот, со неколку пакети во стилот на R-Design, како и да изберат фелни со големина од 17 до 21 инч. Во агрегатската понуда на стартот се два бензински и два дизел мотори. Ние на распогање го имавме во Крањска гора 2.0 литарскиот дизелски D4 со 190 КС, кој добро знае да повлече во сите режими на управување.

Во спрега со познатиот 8-степен автоматски менувач, кој кај овој модел доби електронско управување наместо механички од на рачката. Преносот беше преку познатиот систем за погон на четири тркала на Volvo. Нивото на опрема беше Momentum. Топ верзијата е бензинскиот модел Т5 со 2.0 литарски турбо си 247 KS, 4×4 и автоматски менувач, а во нашите салони очекуваме понуда и на D3 (150 KС) и T3 (156 KС) со преден погон и мануелен шестстепен менувач, кои ќе имаат мошне достапна цена.

Volvo XC40 ќе се обиде да преземе дел од колачот кои го делат Range Rovera Evoque, Mini Countryman, Audija Q3 и Jaguar E-Pace. Адути има и малиот аристократ заслужува место во елитата. Нашите колеги при изборот на Европскиот автомобил на годината за 2018 навистина не згрешиле во одлуката!

 

Поврзани вести

Back to top button